Вести Македонија

Се намалува бројот на запишани првачиња

Само 52 првачиња се запишани во основните училишта 11-ти Октомври и Димитар Миладинов. Тоа е доволно само за две паралелки. Од едно скопско училиште ни објаснија дека добар дел од овие ученици всушност се од други општини- но родителите ги запишуваат во центарот на Скопје поради близина на работните места.

Државниот завод за статистика од година во година бележи пад на бројката на вкупниот број на ученици. Проблем е и намалениот број на наставниот кадар. Поранешниот директор на Заводот за статистика вели дека оваа лоша тенденција води дури кон затворање на дел од училиштата.

Има намалување на бројот на живородени деца од година в година и тоа влијае на бројот на ученици . Присутно е и иселувањето кај младата популација, а тоа може да се провери ако се спореди бројката со живородени деца на наши луѓе иселени во странство, вели Дончо Герасимовски- поранешнен директор на Заводот за статистика   

Покрај миграцијата кон Скопје, и во главниот град има внатрешна миграција, па жителите се селат во оние општини кои имаат подобри услови за живот.

Во фејсбук групата стари скопјани граѓаните се потсетуваат дека во нивно време во училиштата низ Центар имало и по шест паралелки, а сега едвај има две.

Подетална статистика Телма побара и од Министерството за образование и од државниот просветен испекторат, но за одговори тие си ја префрлаа одговорноста едни на други.

Според последниот попис, населението во Македонија старее и се намалува. Училиштата како овие во Центар се најголем доказ- имаат се помалку ученици.

 

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе