Вести Македонија

Потенцијална опасност за објектите и инфрастуктурата доколку се скинат оштетени сајли на жичара

Поради оштетување на сајлата од жичарницата Тетово – Попова Шапка постои потенцијална опасност да се скине, а со тоа да нанесе штета на објектите и инфраструктурата во близина.

Алпинистот Надир Мурсели ја забележал ваквата состојба и објаснува дека доколку се скине, бидејќи е затегната, може да има последици. Мурсели како познавач на приликите вели дека сајлите си имаат животен век, а жичарницата е стара речиси 60 години, но според него надлежните треба подобро да објаснат и да преземат мерки.

„Сајлата е обложена со челични влакна и како што може да се види, оваа кошулица, односно обвивка на повеќе места е оштетена. Покрај жичарата каде се поставени столбовите во моментот има две села односно објекти што се близу жичарите и останува прашање што се може да се случи ако сајлата се скине“.Надир Мурсели, аплинист

Друг недостаток на сајлата е што таа на неколку места се спушта над патот што води кон Попова Шапка, што е опасност за товарните возила и автобусите.

Големите возила доколку не постои внимателност дека постои таква опасност, како што се автобуси и камиони може да биде опасно“.Надир Мурсели, аплинист

Од ЕЛЕМ Турс, во чија надлежност е жичарницата, велат дека имаат сознанија и преземаат чекори, но не можат да кажат конкретно време.

 Од страна на техничко одговорно лице се олабавува сајлата одвреме на време за да не се скине, па да направи посериозни проблеми. Баравме да се направи увид од техничка инспекција за да имаме насоки и ќе исконтактираме и со инженерите од Машински факултет коишто ни прават испитувања и за другите жичарници. Да ни дадат конкретно некоја насока што да преземеме за да можеме да ја отстраниме. Тоа е стара и огромна сајла и треба да се преземат чекори поради безбедност за да може да се отстрани., вели Адем Авзиу, управител на ЕЛЕМ Турс

Инаку жичарницата не е во функција повеќе од 20 години.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе