Вести Македонија Топ вести

Потрага по давеник во плитките води на Дојранско Езеро- се превртел од педалинка

Мажот кој се удави околу 11:30 часот во водите на Дојранското Езеро, непосредно пред Градската плажа, е жител на Штип на возраст од 42 години.

Ова се првични информации од МВР, од каде информираат дека денеска околу 11:30 часот било пријавено во СВР Струмица дека во Дојран едно лице паднало од педалинка во езерото и се удавило,а за настанот бил известен јавен обвинител.

Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива, а засега нема податок дали имал безбедносен елек.

Во информацијата од ЦУК се додава дека местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе