Вести Македонија

Има ли нова предистрага за Мерко откако Стејт Департментот го стави на “црна листа” за корупција, обвинителството не открива?

Обвинителството не отркива дали отворило нов предмет за градоначалникот на Струга Размис Мерко откако САД го стави на црна листа поради негова вмешаност во значителна корупција. Ги потенцираат предметите отворени пред објавата на стејт департментот. И додека американските институции имаат докази за криминал- од макеоднското обвинителство до кое низ годините стасале дестици пријави против него,  најавуваат – ако утврдат дека сторил кривични дела нема да остане без кривичен  прогон

Обвинителството не открива дали води предистрага против струшкиот градоначалник порада присвјување средства мешање во судски и други јавни процеси. Стејт депармтнентот врз основа на цврсти докзи токму за ова го стави црната листа. Дали и макеодонскитеобвинители се во потрага на ваквите докази за сериозна корупција и длаи побарале помош од американските истражители  не добивме не презизен одговор. Од обивнителството потсетуваат дека по објавата на стејт депарментот формирале Комисија што  ги проучубање  предмети поврзани струшкиот градоначалник и работата на општината. Избројаа 30 предмети против мерко од 2006 до сега. 15, се уште активни во струшкото и во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Со надзорот беа опфатени сите заведени предмети, без разлика на тоа дали тие придонеле за ставање на наведеното лице на „црната листа“ на САД или не. Обвинителите кои постапуваат во предметите добија укажувања и насоки во однос на идното постапување. Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека во сите активни предмети против наведеното лице се преземаат дејствија и се испитуваат сите околности, а евентуално утврдените кривични дела нема да останат без соодветен кривичен прогон, соопштува Јавно обвинителство.

Од многу  кривични пријави и предмети во обвинителството против Мерко ните еден не го поминал прагот на судот. Завршиле или се уште  во обивнителството. Мегу нив се и пријавитена Антикорупциска која се пожали на сопки од другите институции. На какви порцеси влијаел Мерко не открила ниту комисијата на судксиот совет по посетата на Струшкиот суд. И од таму како и од обивнителството не се пожалија на притисоци.

Амбасадорката на САД Агелер повеке пати изминатиот период истакнува на дека нашите  институции останува да одлучат дали сакаат да дејствуваат или да истражат ги лицата кои тие ги означиле.  И во последното интервју за канал 5 ја потенцираше важноста за одговорност
По Мерко на црна листа заври и бизнисменот Орце Камчев поради корупција, злоупотреба на службената положба, перење пари и други кривични дела повеќе од една деценија. Најавите се дека црната листа ќе се проширува.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе