Вести Македонија

Премиерот на Косово, Албин Курти присуствуваше на преименување на улица во општина Чаир

Премиерот на Косово, Албин Курти, кој е во неофицијална посета на земјава, денеска присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во општина Чаир.

Во обраќањето, Курти рече дека во Косово има неколку улици што го носат името на Демачи, но дека именувањето на улица во Северна Македонија има посебно знаење.

Посочувајќи дека во поранешна Југославија, Албанците биле дискриминирани, Курти рече дека во тој период Демачи бил симбол на слободата.

– Новинарот и интелектуалецот, писателот и активистот Адем Демачи со неговите тајни и јавни активности и текстови кои го чинеа полни 28 години поминати по затвори, стана симбол на беспрекорната резистенција против угнетувањето и искористувањето и на непрекинатата борба за слободата на Албанците во поранешна Југославија. Затоа името Адем Демачи, освен име на личност, беше и име на фигура, беше парола само по себе додека се извикуваше „Да живее Адем Демачи“ на демонстрациите во 1968 година, 1981 и во 1989 година, рече Курти.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу рече дека Демачи бил борец за слобода, човек на мирот и единствена обединувачка фигура.

На настанот присуствуваа и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и претседателите на движењето „Беса“, Билал Касами, на „Алтернатива“, Африм Гаши и Изет Меџити кој најави формирање на ново политичко движење во албанскиот блок.

Попладнево, Курти е во посета на Тетово. Според агендата, тој денеска ќе се сретне со албанските опозициски партии, но не се најавени средби со државниот врв или владините партии од албанскиот блок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе