Вести Македонија

Пензионерите од Тетово најавија поддршка на протестот најавен за понеделник во Скопје

И тетовските пензионери најавија присуство на заедничкиот протест на пензионери од повеќе градови, кој треба да се одржи во понеделник во Скопје, со кој се бара линеарно покачување на пензиите.

Групата која и денеска се собра пред Здружението во Тетово уште еднаш го искажаа револтот од ниските пензии, па започнаа да собираат и потписи за поддршка на барањата и од други пензионери, кои поради здравствени причини не можат да присуствуваат на протести.

И ние исто сме им од тука од Тетово голема поддршка, во понеделник се оди во Скопје. Имаме доволно потписи, без разлика на националност, од Тетово кои даваат поддршка за покачување на малите пензии, зашто овој живот е многу тежок живот. Не се преживува со 12 илјади. Како што ќе биде минималната плата, да биде и минималната пензија, вели Летка Мишовска, пензионерка од Тетово

 

Редно беше да се слушне и гласот на пензионерите. Бараме, како и сите пензионери, линеарно покачување на пензии, потоа бараме на позитивна листа да се стават лекови кои досега ги немало, а пензионерите не се во можност да ги набават, поради високите цени, изјава Дивна Зафировска, пензионерка од Тетово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе