Вести Македонија

Една недела до седницата за уставни измени, партиите на почетните „зацементирани“ позиции

Точно една недела пред собраниската седница за уставни измени, партиите се држат до почетните позиции: владеачките апелираат да се прифатат како чекор кон европската интеграција, опозицијата ги отфрла како бугарски диктат кој би можел да се измени доколку таа дојде на власт на предвремени избори.

Пријателските и европските земји укажуваат дека преговорите со ЕУ не можат да продолжат без исполнување на овој услов и дека нема да има нови разговори за Преговарачката рамка. Јасна и гласна порака испрати и американската амбасадорка Агелер преку ТВ интервју.

-Лажна вест е дека некој може да го репреговара договорот постигнат минатото лето. Тоа е лажна вест. Исто така, лажна вест е дека е можен подобар договор кој `се уште не сме го откриле, порача Анџела Агелер, амбасадор на САД во РСМакедонија.

Ваквите пораки не ја премислуваат ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО- ДПМНЕ се бори и се залага за фер шанса и за заштита на македонскиот идентитет и посебност и тоа се легитимни барања, тоа е легитимна борба и ќе продолжиме да се бориме, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Амбасадорката Агелер изразува надеж дека лидерите сепак ќе го направат тешкиот избор и вистинската работа за доброто на граѓаните.

-Многу се надевам дека пратениците, лидерите и членовите на сите политички партии повторно ќе го препознаат овој клучен момент за оваа земја и дека ќе донесат одлуки кои се за доброто на граѓаните, а не во интерес на нивните политички или лични аспирации. Оваа земја може и ќе има огромна корист од членството во ЕУ и членството во широката трансатлантска заедница. Тоа е државна цел на оваа земја и речиси 80% од граѓаните во оваа земја сакаат да бидат дел од ЕУ, додава Агелер.

И СДСМ порача дека е време за обединување околу стратешката цел – членство во ЕУ со потврден македонски јазик и идентитет. Поддршката на уставните измени ја сметаат за „можеби последната шанса Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се престојат на страната на државните и националните интереси“.

На 18-ти август почнува пленарната расправа. Може да трае најмногу 10 дена, а за успешно гласање за внесување на Бугарите и пет други делови од народи во Уставот, се неопходни најмалку 80 пратеници.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе