Вести Свет

Телескопот „Џејмс Веб“ ја сними последната фаза на ѕвезда во умирање

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ успеа да направи фотографии од последните фази во животот на далечна ѕвезда.

Фотографиите прикажуваат неверојатно ниво на детали во структурата од светлечки гас познат како Маглината Прстен оддалечена околу 2.600 светлосни години од Земјата.

Според научниците, овие фотографии можат да обезбедат клучни податоци за животниот циклус на ѕвездите.

Фотографиите го откриваат и внатрешниот регион околу централното бело џуџе со огромна јасност, вели д-р Мајк Барлоу, еден од предводниците на тимот астрономи кои ги објавија фотографиите.

„Сведочиме на последните поглавја од животот на ѕвездата, најава за иднината на Сонцето во далечната иднина и Телескопот „Џејмс Веб“ отворија нов прозорец во разбирањето на овие воодушевувачки космички настани. Можеме да ја користиме Маглината Прстен како наша лабораторија за проучување како се формираат и еволуираат планетарните маглини“, објаснува Барлоу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе