Вести Свет

Трамп се соочува со ново обвинение – заговор против САД

Поранешниот американски претседател и главен фаворит за номинација на Републиканската партија за претседателските избори следната година се соочи со најсериозното обвинение досега – за заговор против Соединетите Американски Држави.

Специјалниот обвинител Џек Смит поднесе ново второ федерално обвинение како дел од истрагата за неговите напори да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година, кои доведоа до упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Доколку биде прогласен за виновен за барем една од неколкуте точки од обвинението, му се заканува неколкугодишна затворска казна.

Трамп, кој денеска беше повикан да се појави пред федералниот суд во Вашингтон, ги негира обвинувањата и целиот случај на социјалните мрежи го нарече „смешен“.

Новото обвинение не го спречува да продолжи со кампањата за претседателската трка следната година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе