Вести Свет

Сенегал најави испраќање на војници во случај на воена интервенција во Нигер

Сенегал ќе испрати свои војници доколку дојде до воена интервенција во Нигер, опција што како можна ја најави западноафрикански регионален блок ЕКОВАС доколку не биде ослободен соборениот претседател Мухамед Базум. Ова го потврди сенегалската министерка за надворешни работи која порача дека државните удари како оној изминатата недела во Ниамеј мора да запрат.

Покрај заканата со воена интервенција, ЕКОВАС воведе патнички и економски санкции против Нигер чија власт од петокот е во раце на воената хунта. Генералот Тијани, кој се прогласи за нов водач на државата, предупреди на странско мешање во внатрешните работи на Нигер и на воена интервенција. Но, истовремено вети и создавање на услови за мирна транзиција на власта по соборувањето на Базум. На страна на Нигер застанаа Мали и Буркина Фасо кои порачаа дека евентуална воена интервенција ќе ја сметаат за објава на војна.

Кризата во земјата ги натера западните земји да почнат со евакуација на свооите државјани од земјата. Пучот во земјата наиде на силни осуди од западните земји кои на Нигер гледаат последен сигурен партнер во борбата против џихадистите на Ал Каеда, Исламска држава и Боко Харам во регионот на Сахел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе