Вести Свет

Моравјецки: „Вагнер“ ќе се обиде да го дестабилизира источното крило на НАТО

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека борците на руската паравоена група „Вагнер“ се приближуваат до источното крило на НАТО со цел да го дестабилизираат.

Полска ќе одговори недвосмислено на овие руски и белоруски провокации, рече Моравјецки на заедничката прес-конференција со литванскиот претседател Гитанас Науседа, пренесува Полското радио.

Тој додаде дека во Белорусија има околу 4.000 „вагнеровци“ и дека на овој начин Русија ја тестира реакцијата на Полска и нејзините сојузници.

Мора да бидеме свесни дека бројот на вакви провокации ќе се зголемува, изјави полскиот премиер.

Неодамна од Минск беше објавено дека одреден број „вагнеровци“ почнале да ги обучуваат припадниците на белоруската армија, поради што полските власти испратија над 1.000 војници во близина на границата со Белорусија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе