Вести Свет

Многу плевел, трње и грмушки – британското МО со тврдење за бавноста на украинската контраофанзива

Британското министерство за одбрана оценува дека билките кои пораснаа на бојното поле се, веројатно, еден од факторите за бавниот напредок на украинската контраофанзива.

„Претежно обработливото земјиште во зоните на борбени дејства, оставено на угар веќе 18 месеци, а повторното растење на плевел, трње и грмушки е забрзано во топлите и влажни летни услови“, се наведува во соопштението.

Тоа е, како што се наведува, еден од факторите кој придонесува за генерално бавниот напредок во борбите во јужна Украина.

Истовремето, таа зелена прекривка помага во камуфлирање на руските одбранбени позиции и го отежнува чистењето на минските полиња, пишува во соопштението на британското Министерство за одбрана.

„Њујорк тајмс“, пак, во големата анализа за ситуацијата на фронтот, дава поинакво објаснување за украинската контраофанзива која е побавна од очекуваното.

Весникот наведува дека првите неколку недели од долгоочекуваната контраофанзива не биле добри по украинските сили што беа обучувани и вооружувани од САД и нивните сојузници. Иако опремени со напредно оружје и најавувани како авангарда на големиот напад, единиците се заглавија во густите руски мински полиња под постојан оган на хеликоптери и артилерија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе