Вести Свет

Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив против реформите во правосудството

Неколку илјади Израелци се собраа во Тел Авив на протест, бидејќи Кнесетот (израелскиот Парламент) го усвои клучниот дел од спорната реформа во правосудството која ја спроведува десничарската влада.

„Вие ја уништивте државата, а ние ќе ја поправиме“ и „Демократија, демократија“, скандираа синоќа демонстрантите кои од јануари се собираат во тој град, центар на протестното движење против реформите.

Реформата е поддржана од коалицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, составена од ултрадесничарски партии и партии на ултраортодоксните Евреи.

Тоа длабоко ја подели земјата и го предизвика најголемото протестно движење во историјата на Израел.

И покрај протестите, премиерот и неговата коалиција го усвоија клучниот дел од реформата на 24 јули, прв што стана закон, а со кој се ограничува можноста на Врховниот суд да ги поништи владините одлуки доколку ги смета за „неразумни“.

Целта на реформата е, исто така, да се зајакне моќта на избраните функционери над судовите.

Владата смета дека тоа е неопходно за да се обезбеди подобра рамнотежа на власта, а критичарите ја гледаат како закана за демократијата и стравуваат дека го отвора патот кон авторитаризмот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе