Вести Свет

Црна прекривка врз куќата на британскиот премиер од активисти на „Гринпис“

Активистите на „Гринпис“ фрлија голема црна прекривка врз куќата на британскиот премиер Риши Сунак на неговиот селски имот, во знак на протест против неговиот план за проширување на ископувањето нафта и гас во Северното Море.

Настанот се случил додека премиерот со неговото семејство не биле во домот, туку на одмор во Калифорнија. Група демонстранти облечени во светло-црвени комбинезони, шлемови и заштитни појаси се качија на покривот од куќата во Јоркшир и ја фрлија црната ткаенина на предниот дел.

Поставија жолт знак на покривот на кој пишуваше „Нема нова нафта“. Сунак во понеделникот објави дека Британија ќе додели стотици нови лиценци за нафта и гас во Северното Море за да добие енергетска независност. Овој потег беше широко критикуван од еколошките здруженија кои ја обвинија владата дека отстапува од ветувањето дека ќе ги елиминира нето емисиите на јаглерод до 2050 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе