Вести Свет

„Вашингтон пост“: Трамп годинава на судења потрошил 40 милиони долари од фондот „Политичка акција“

„Вашингтон пост“ објави дека издатоците на PAC за правните трошоци ги поттикнале обвинителите да ја преиспитаат можноста за потенцијален конфликт на интереси меѓу Трамп и сведоците во постапката против него.

Во првата половина од годината потрошил околу 40 милиони долари за трошоците за правните постапки против него и неговите советници.

Весникот  „Њујорк тајмс“ одделно објави дека PAC бара повраток на 60 милиони долари што и ги позајмил на друга организација што го поддржува Трамп, главниот републикански претседателски кандидат за изборите во 2024 година, пренесуваат британските медиуми.

Цитирајќи инсајдери „Вашингтон пост“ објави дека издатоците на PAC за правните трошоци ги поттикнале обвинителите да ја преиспитаат можноста за потенцијален конфликт на интереси меѓу Трамп и сведоците во постапката против него.

Се очекува дека оваа организација на Трамп во денешниот поднесок да открие како се потрошени 40,2 милиони долари за правни трошоци, јави „Вашингтон пост“, цитирајќи луѓе кои се согласиле да зборуваат под услов да останат анонимни.

Трамп се соочува со десетици федерални обвиненија во Флорида за чување доверливи владини документи во неговиот дом, но и со обвиненија во Њујорк, по истрагата за тајни плаќања и поткуп на порно ѕвездата Сторми Даниелс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе