Вести Свет

Русија се одмаздува за украинските дронови – нападнати цивилни објекти во Кривии Риг, најмалку четворица загинаа

Со нови гранати врз цивилни објекти се одмаздува Русија за последните три украински дронови кои погодија зграда во центарот на Москва. Жителите на градот Кривии Риг ги разбуди силна експлозија. Една граната беше фрлена врз станбена зграда, а другата врз факултетот во градот. Најмалку четворица загинаа, но се стравува дека бројот ќе расте, затоа што се уште се трага под урнатините.

За Киев, ова е терористички напад и велат нема ништо да не поколеба да продолжиме со офанзивата. Но, за тероризам обвинува и Русија откако двапати за една недела до Москва стигнаа украинските дронови.

  • Очиглледно е дека се преземени сите мерки за зајакнување и организирање на потребната заштита од постојаната опасност од терористичките напади врз цивилните цели и станбените згради, од страна на киевскиот режим, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Русија продолжува да ја продава психологијата дека Киевскиот режим е во тешка ситуација, затоа што, како што вели Песков контраофанзивата не оди според планот. Но, според аналитичарите, ниту на Москва не и оди баш најдобро, со оглед на тоа што е немоќна и пред најслабите дронови испратени од Киев. Српскиот аналитачар Дарко Обрадовиќ, од Центарот за стратешка анализа, вели дека целта на нападите со дронови е да се покаже дека Русија не е повеќе суперсила.

  • Секој ден, не е важно што тие дронови ќе погодат или не во Москва, самиот прелет и долет до Москва покажува дека Русија не залажувала 70 години за својата воена техника, за својата моќна војска, не лажеа дека се моќни и можат се,  а не можат да излезат на крај со еден дрон со карактеристики послаби од авион од Првата светска војна и тоа е јасна порака, вели Обрадовиќ. 

Украина продолжува со жестоката контра-офанзива. Западот отворено ја поддржува, од шти Русија можеби и најмногу се плаши. Последен во заканите е поранешниот претседател Медведев, кој изјави дека ако успее оваа украинска офанзива, Русија нема да има избор освен да употреби нуклеарно оружје. Западот можеби си мисли дека Путин сега би барал излез од оваа катастрофа, но далеку е од тоа, пишува Фајненшал Тајмс. Доказ дека се подготвува за долга војна е новиот руски закон кој овозможува нови мобилизации на руското население.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе