Вести Свет

Пригожин: Вагнер во моментов не регрутира борци, но тоа може да се случи наскоро

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во аудио порака на Телеграм вели дека неговата група во моментов не регрутира борци, но најверојатно тоа ќе го направи во иднина.

„Денеска ги дефинираме нашите следни задачи, чии контури стануваат се појасни и појасни. Несомнено, тоа се задачите што ќе се извршуваат во името на моќната Русија“, рече тој во аудио пораката што ја пренесе Гласот на Америка.

Иднината на Вагнер и Пригожин е непозната откако тој водеше краток бунт против рускиот одбранбен естаблишмент кон крајот на јуни, а потоа, во договор со Кремљ, Пригожин и некои од борците заминаа за Белорусија.

Сепак, Пригожин присуствуваше на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин пет дена по бунтот и беше фотографиран минатата недела во Санкт Петербург, каде Путин беше домаќин на африканските лидери.

Кремљ објави дека борците на Вагнер кои не учествувале во бунтот ќе можат да се приклучат на редовната армија и да потпишат договори со Министерството за одбрана.

Во аудио порака, Пригожин рече дека „за жал“ некои од неговите борци се префрлиле во други „структури на моќ“, но дека тие бараат да се вратат.

„Се додека има доволно луѓе, не планираме нови вработувања. Сепак, ќе ви бидеме исклучително благодарни ако останете во контакт со нас и штом мајка Русија треба да создаде нова група која ќе може да ги заштити нејзините интереси, ние дефинитивно ќе започнеме со регрутирање“, рече Пригожин.

Од бунтот, некои од борците на Вагнер се преселиле во Белорусија и почнале да ја обучуваат нејзината војска.

Во коментарите објавени минатата недела, Пригожин рече дека Вагнер е подготвен дополнително да го зголеми своето присуство во Африка. Улогата на платениците во поддршката на владите во Мали и Централноафриканската Република ги загрижува западните претставници.

САД го карактеризираа Вагнер како криминална организација.

Пригожин вели дека работат во согласност со законите на земјите во кои дејствуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе