Вести Македонија Најважни

Експертите скептични од ефектот на условените оставки на министрите на ДУИ врз уставните измени

Понуда која ќе ги обнови разговорите, власт – опозиција, за уставните измени или пресметан ПР потег за подобрување на рејтингот. Депонирањето на оставка на министрите и функционерите на ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски, која би се ефектуирала само доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени за дел од аналитичаите ги содржи и двата елементи, но дефинитивно го зголемува притисокот врз опозиција за промена на Уставот.

„Мислам деке е реален обид за да се отвори патот кон гласање или изгласување на уставните измени, со тоашто ДУИ со овој потег ја префрла на некој начин топката кај ВМРО-ДПМНЕ. Може да се толкува и како ПР стратегиа, може да се толкува и како преземање или калкулирање со следните парламентарни избори со тоа што ДУИ би добила политички поени како најзаслужен фактор во државата за да се одблокира процесот на преговори со ЕУ, но тоа е сосема легитмни“, смета Џелал Незири, политички аналитичар.

Сепак тој е на став дека без оглед каква е позадината на одлуката на ДУИ, таа го отвориле патот дијалог меѓу премиерот и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкос да биде продолежен за постигнување взаемно решени.

И аналитичарот Петар Арсовски е на став дека овој потег на ДУИ може да ги врати ВМРО-ДПМНЕ на преговарачка маса.

„Најмалку што ќе направи, ќе го направи наративот на ВМРО-ДПМНЕ тежок, а тој е во моментов: ’Ние сме за Европа, но сме против уставните измени’. Со избивањето на еден по еден од аргументите на опозицијата поради кои не прифаќа уставни измени, нејзината позиција ќе биде се потешка и потешка. Сешпак јас сум песимист дека ќе се направат уставни измени бидејќи сме многу блиску до оптиката за избори. Опозицијата е релативно тврда на својот став, не верувам дека само овој пакет од ДУИ ќе биде доволен за опозицијата да се предомисли“, смета политичкиот аналитичар, Петар Арсовски.

Одговорот кој преку соооштение вчера стигна од ВМРО-ДПМНЕ, каде не беа споменати уставните измени или временски рокови, туку само барањето за избори, според аналитичарите не открива многу дали опозициската партија ќе ја искористи дадената понуда од ДУИ да се престрои на колосекот на повторно седнување на маса за уставните измени или останува цврсто само на барањето за предвремени избори.

„Невозможно е да се предвиди бидејќи е флуидна политичката сцена во моментов. Ќе има приситок и од меѓународната заедница, гледаме дека тоа има дополнителни домашни реперкусии. Не сум сигурен дали тоа остава простор од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Но мислам дека сепак таков простор, евентуално, може да биде само дел од еден поголем пакет“, вели Арсовски.

Незири пак смета дека предлогот на ДУИ ги затекнал неподготвено ВМРО-ДПМНЕ и дека конкретен став за него ќе се добие дури откако за него ќе разговараат телета партијата. Сепак, тој во првичната реакција од ВМРО-ДПМНЕ гледа елементи на одготвеност за постигнување на компромис.

„Од причина што оваа партија инсистираше на влада без ДУИ, со цел да се даде простор на опозицијата на албанците за да има подобра почетна позиција на изборите. ВМРО-ДПМНЕ исто така од оваа одлука на ДУИ, или понуда на ДУИ, може да има политички бенефит и политички поени со тоа што ќе може да излезе во јавноста и да каже дека, еве, конечно ДУИ замина во опозиција“, смета Незири.

Компромисот тој го гледа во широка влада без ДУИ, составена од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и партиите на албанската опозиција, кои би ги усвоиле уставните измени што би ја одвело земјата, не на предвремени, туку на редовни избори идната година кои би се доржале или напролет или на есен.

Тамара Грнчароска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Рафа на раб на здравствена катастрофа, раселените соочуваат со недостаток на санитарни услови и пристап до чиста вода

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе