Вести Македонија Топ вести

Угинаа два коња во скопската ЗОО, првичните сознанија упатуваат на сомнежи на отруеност

Два коња починале вчера попладне во скопската Зоолошка градина. Првичните сознанија упатуваат дека тие биле отруени. За смртта на животните е известена и полицијата.

„Вработен во Зоолошката градина во Скопје на 29.07.2023 во 15:40 часот пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња за кои се сомневал дека биле отруени. Се работи на расчистување на случајот”, велат од МВР.

Ова е втор случај на угинување на жители на Зоолошката градина во Скопје по смртта на жирафата Каспер во мај. Патохистолошката анализа на Факултетот за ветеринарна медицина подоцна покажа дека смртта настапила како последица на инфекцијата салмонела која била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе