Вести Свет

Нетанјаху: Секоја интервенција на Врховниот суд во судските реформи претставува опасност за Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за Си-Ен-Ен предупреди дека Израел ќе влезе во „непознати води“ доколку Врховниот суд се обиде да го поништи новиот закон, одземајќи го правото на врховните судии да ги блокираат владините одлуки, јави ДПА.

Станува збор за ситуација или можна ситуација која, ако треба да ја објаснам со американски концепт, ќе изгледа како Врховниот суд на САД да преземе еден од амандманите во американскиот устав и да го откаже. Се надевам дека нема да стигнеме до таму, рече Нетанјаху.

Тој не прецизираше дали неговата влада ќе ја почитува одлуката на судот во случај Врховниот суд на Израел да одлучи да го поништи спорниот правен текст.

Религиозната десничарска влада на Израел го обвинува судството дека врши преголемо влијание врз политичките одлуки и затоа сака да ги намали овластувањата на судот. Законот, усвоен како дел од предложената судска реформа на Нетанјаху, го одзема правото на врховните судии да ги поништуваат одлуките на владата или одделни министри со образложение дека тие се „правно неосновани“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе