Вести Свет Топ вести

Место во Пентагон, стигнувале во Мали – Британците несвесно праќале тајни информации на руски сојузник наместо на САД

Британското Министерство за одбрана покрена истрага, откако официјални лица несвесно испратија е-пошта со доверливи информации на близок сојузник на Русија поради грешка при пишувањето.

Неколку мејлови наменети за Пентагон се испратени во Мали поради случајно пропуштање на буквата „и“ во адресата на електронската пошта, пишува „Гардијан“. Британските власти ги испратија пораките на адреса што завршува со доменот „.ml“ на Мали, а не со доменот „.mil“ на американската војска.

Истата грешка во САД беше откриена претходно овој месец, што предизвика милиони воени мејлови да отидат на адреса во Мали.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека покренало истрага откако мејлови по грешка биле испратени до неточен домен на е-пошта.

„Уверени сме дека е-поштата не содржела информации што би можеле да ја загрозат оперативната безбедност или техничките податоци. Сите чувствителни информации се споделуваат на системи дизајнирани да го минимизираат ризикот од погрешно насочување. Министерството за одбрана постојано ги прегледува своите процеси и во моментов спроведува работна програма за подобрување на управувањето со информациите, спречување на губење на податоци и контрола на чувствителни информации“, соопшти Министерството.

Мали беше меѓу шесте африкански земји на кои рускиот претседател Владимир Путин им вети бесплатни испораки на жито по пропаѓањето на Црноморскиот договор со Украина.

Платениците на Вагнер беа распоредени во Мали за да се борат против џихадистите заедно со армијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе