Вести Македонија Топ вести

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма пред Судскиот совет

Новинарот на Телевизија Телма, Павле Беловски, кој денеска известуваше од седницата на судски совет, во линковско вклучување во вестите во 15 и 30, беше спречен да ја извршува својата работа.

На катот каде што се просториите на Судски совет, оддалачен од салата на советот, и пред затворената врата, каде што беше поставен линкот, лица од обезбедувањето се обидоа да го прекинат линковското вклучување и да го спречат јавувањето во живо, со порака дека тука не смее да се снима.

Откако новинарот и снимателот, кои ја следеа седницата, го прекинаа јавувањето во живо, било побарано да се легитимираат, иако пред да се влезе во објектот уредно се легитимира секој кој ќе влезе со приложување личен документ.

Новинарските организации со години укажуваат на овој проблем, и на неколку средби со надлежното министерство беше соопштено дека службеници на мвр е недозволиво да ја попречуваат работата на новинарите и медиумските работници за што е потпишан и меморандум за соработка.

Дополнително работата на новинарите единствено може да се подигне на повисоко ниво на транспарентност, на седниците на правосудните тела да се овозможи јавно емитување на седниците на советите.

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро го осудуваат некоректното однесување кон медиумите на државните службеници кои на најбескрупулозен начин ја прекинаа работата на ТВ екипата на Телма при нејзиното известување од важен настан.

Припадници на МВР со наредба на државниот секретар во Министерството за правда денеска упорно и вулгарно го попречуваа јавувањето во живо на новинарот Павле Беловски од Телма иако тој беше надвор од просториите во кои се одржуваше седницата на Судскиот совет и никако не ја попречуваше работата на советот во која учествуваше и оценувачката мисија на Европската унија на чие чело е поранешниот судија на хрватскиот Врховен суд. Бранко Хрватин.

Заради неможноста да се обезбедат минимум услови, јавувањето во живо во централните вести на ТВ Телма беше прекинато, а јавноста остана скусена за елементарна и важна информација.

Тоа што загрижува повеќе е дека припадниците на полицијата или во овој случај одговорните во Министерството за правда сосема непотребно предизвикаа инцидент кој отвора дилеми околу желбата за транспарентност во државните органи.

ССНМ и ЗНМ реагираат и на неколкукратното легитимирање на новинарите, иако тоа не е пракса и има димензии на понижувачки однос, и најавуваат постапка пред внатрешната контрола на МВР, пријава за одговорните лица во Министерството за правда и во Судскиот совет, но и информирање на меѓународните новинарски асоцијации.

Екипата на ТВ Телма попречена во извршување на својата работа при известување од Судски совет

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе