Вести Македонија

Показна вежба за заштита на културното наследство од земјотреси

Форум и Показна вежба „Управување со ризици од земјотрес за заштита на човечкиот фактор и културното наследство – прв дел Заштита и евакуација на човекот и укажување на прва помош“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син Штит“ во соработка со ЈУ. Музеј на град Скопје, Дирекција за заштита и спасување, Сеизмолошка опсерваторија Скопје и Црвен крст на град Скопје.

-Со овој настан се акцентира значењето од потребата за континуирани теоретски и практични подготовки на вработените од музејската заштитна дејност, со цел соодветна реакција и минимализирање на негативните последици кои можат да бидат предизвикани од природна непогода земјотрес, врз човековиот фактор и културното наследство, велат организаторите на настанот.

Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување, Сеизмолошката опсерваторија Скопје и Црвен крст на град Скопје, додаваат, ја координираат симултаната показната вежба во која се демонстрира: начинот на евакуација на вработените, пребарување на затрупани лица во случај на земјотрес и укажување на прва помош.

Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе