Вести Македонија

Мицкоски: Верувам во сите пратеници од коалицијата, тие се гарант дека ваквите уставни измени нема да поминат

– Верувам на зборот даден од страна на 44те пратеници од коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ кои нема да прифатат уставни измени под бугарски диктат и нема да гласаат за промена на македонскиот устав, не верувам на изјавите на поединци кои даваат поддршка на владата предводена од СДСМ и ДУИ бидејќи тами ставовите се нејасни, едно зборуваат друго прават, порача лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прашан како ја коментира изјавата на пратеникот од турската партија од власта, Инес Ибрахим кој пред некој ден изјави дека нема да гласа за уставните измени.

Мицкоски рече дека од ВМРО-ДПМНЕ, како идна влада, подготвени се да седнат и да разговараат за промена на околностите кои што денес се ставени на маса.

„Јас многу не се потпирам на тие луѓе, бидејќи за да поддржуваш една ваква влада многу зборот и образот не ти значи во животот. Јас верувам и за мене е она важно на оние 44 пратеника кои што доаѓаат од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и знам дека тие сигурно нема да гласаат под овие околности и нема да прифатат бугарски диктат. А ние, како идна влада, сме подготвени да седнеме и да разговараме да видиме како можеме заеднички да ги промениме тие околности кои што денеска се на маса. Така што, да сумирам, луѓето кои што шест години ја поддржуваат оваа влада, мислам дека одамна заборавиле што значи чест и образ и многу, многу не очекувам од нив во овој процес. Но, затоа пак, силно се потпирам, силно верувам на зборот на 44 пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и тие се единствениот гарант дека овие уставни измени, вака како што ги замислила владата на ДУИ, поддржана од помалиот партнер СДСМ, нема да поминат“, рече Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе