Вести Македонија Топ вести

Жители од Оризаре влегле во КЕЦ Куманово, вработените на ЕВН ги напуштиле местата

Откако група жители на липковското село Оризаре, влегоа во објектот на КЕЦ Куманово, вработените ги напуштија работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа, информираа денеска од ЕВН. Од компанијата велат корисничко енерго центар на ЕВН Куманово нема да работи сè додека не се создадат услови за нормално одвивање на работата.

Инаку, како што претходно информираа од ЕВН, жителите на Оризаре немаат струја, откако жителите од нивното соседно село Слупчане бесправно манипулираа со трафостаниците, оставајќи го нивното и соседните села без струја.

Утрово, ЕВН информираше дека селото Слупчане и Оризари (општина Липково) се сè уште без напојување со електрична енергија. Останатите дефекти беа надминати. Од компанијата велат дека сè додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

Од Министерството за економија ги повика граѓаните во државата редовно да си ги намируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе