Вести Македонија Топ вести

Џафери: Пратеничката група ја сочинуваат најмалку пет пратеници

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, прими известување од пратениците Изет Меџити, Мерита Колчи Коџаџику и Кастриот Реџепи дека ќе дејствуваат како независна група пратеници и во истото известување предлагаат координатор и заменик координатор.

Тој веднаш по добивање на известувањето, писмено ги извести дека: „согласно член 33 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Пратеничката група ја сочинуваат најмалку пет пратеника кои припаѓаат на една или на повеќе политички партии, соопштуваат од собранието.

Оттука произлегува дека нема можност за формирате пратеничка група, ниту за определување на координатор и заменици координатори.

  • Инаку во Собранието на Република Северна Македонија со писмено известување до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија може секој индивидуално (лично) да го достави известувањето за делување како независен пратеник, така што, поради горенаведеното, нема можност за понатамошно процесирање на известувањето, соопштуваат од собранието.

Поделба и во Беса – Хоџа со најава за посебна политичка формација

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе