Вести Македонија Топ вести

Хајредини: Али Ахмети како политичар одамна ќе го немаше да не му даваа политичка поддршка СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ

Во владејчаката партија СДСМ е отпочнат процес на идеолошко раслојување и се видливи две струи околу нивниот коалициски партнер ДИУ, едната која ги поддржува политички, и другата која е против. Па, Бујар Османи оттаму треба да почне да ги бара одговорите како е нападната партијата и лидерот преку некаков хибриден сојуз, тврди поранешниот министер и аналитичар Џевдет Хајредини, коментирајќи ги изјавите на потпретседателот на на ДУИ Бујар ОСмани дека со напад на раководството некој сака да ѝ наштети на етничката рамноправност во државата.

Хајредини остро ги отфрла ваквите тези на ДУИ дека тие се репрезенти и заштитници на албанскиот народ, а одговорност побара и од двете наизменично владејачки партии кои секогаш го штитат ДУИ за преку него да се пресметуваат со политичките и идеолошки неистомисленици меѓу Албанците.

Од друга страна, пак, ДУИ секогаш кога е соочена со криминал и корупција се повикува на етничка карта. Па, наместо да се бараат непријатели на ДУИ и Ахмети, треба да се бара одговорност за што сигнали испратија и меѓународните фактори и партнери, потенцира Хајредини.

Сепак, во јавноста остана недообјаснето каков хибирден сојуз е формиран против ДУИ, иако Османи посочи дека тоа се однесува на фактори од земјава избегнувајќи да ги потенцира црната листа на Рамиз Мерко од САД, финансиските инвестици на синот и внукот на лидерот на ДУИ, Ахмети и десетиците иницијативи поведени од ДКСК против функционери на ДУИ за кои што засега нема конкретни дејствија од надлежните истражни органи.

Но, најсилните прозивки за криминал и корупција кон ДУИ доаѓаат од доскорешните нивни партиски функционери кои се одлеаа во опозицијата на албанкиот политички блок.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе