Вести Свет Топ вести

Пилотот и копилотот на канадерот што се урна на Евија се мртви, грчката армија прогласи тридневна жалост

Пилотот и копилотот на канадерот што се урна попладнево на грчкиот остров Евија се мртви, потвдија властите. Поради трагичниот настан е прогласена тридневна жалост во грчката армија, соопшти министерот за одбрана на Грција, Никос Дендиас.

„Загубата на животите на офицерите на воздухопловните сили и оператори на противпожарни авиони, за време на должност и при обид да се заштитат животите и имотот на граѓаните, како и животната средина на нашата земја, е длабоко тажна. Нашите мисли се со нивните семејства и колеги, на кои им изразуваме најискрено сочувство“, изјави министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас.

Авионската несреќа се случи попладнево при гаснење на големиот пожар на островот Евија. Грчката национална телевизија објави снимка од моментот на уривањето на авионот. На неа може да се види канадерот, кој летајќи многу ниско, исфрла вода директно врз пожар, но со десното крило удира во врвот на дрво по што може да се забележи дека му паѓа и дел од крилото. По ударот авионот започнува да понира во десно и се урива во подножјето на ридот, при што се гледа кревање на огнена топка.

Грција прогласи вонредна состојба поради висок ризик од избивање на шумски пожар на островот Крит, додека на Родос локалните власти евакуираа цели села кои беа под директна закана од огнот. Таму каде што пожарите се изгаснати, локалните жители, обучувани од пожарникарите, се организираат и стражарат против нивно ново избивање.

„Се соочуваме со нова реалност. Веќе 12 денови во исто време избиваа во просек по 50 нови пожари дневно. Тоа значи дека во изминатиов период избија над 600 пожари“, изјави Павлос Маринакис, портпарол на грчката влада.

Топлотниот бран кој го зафати целиот регион на Медитеранот предизвика стотици активни пожари во Турција, во Грција, во Хрватска, во Италија, во Алжир, во Тунис и во Северна Африка.

Ништо помалку сериозно не ниту на Сицилија, каде денеска се измерени рекордни 47 степени целзиусови за оваа година. Пламените стигнаа до аеродромот во Палермо, кој од синоќа е затворен за сообраќај, додека пак половина од јавниот превоз во градот не функционира, бидејќи помеѓу високите температури и пожарите, возилата се прегреваат.

Експертите сметат дека двата топлотни бранови кои ја зафатија Европа летово немаше да бидат можни без влијанието на климатските промени. Тие забележале дека топлотниот бран кој го погоди континентот минатиот месец бил за дури два целзиусови степена потопол а можноста за неговото појавување биле зголемена дури за сто пати поради човечкото влијание врз климатските промени. Податоците за моменталниот топлотен бран сѐ уште се обработуваат, но се очекува и тие да бидат исто толку поразителни.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе