Вести Македонија Топ вести

Кој истражува дали има скриен имот кај првиот вицепремиер Груби?

Додека обвинителството истражува кој е мотивот и кој го подметна пожарот во автомобилот кој го користи првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците и Кооринатор на проектот за Коридорите 8 и 10д, Артан Груби, јавноста чека одговори дали зад инцидентот се крие поголем скандал и корупција. Зошто соседот на Груби одлучил да му го отстапи луксузното „Ауди“ вредно десетици илјади евра на користење и тоа подолг временски период е едно од прашањата кое сеуште останува неодговорено.

Владата, за која нема ништо спорно што нејзин член приватно користел туѓо возило, повика Обвинителството и полицијата итно да го расчистат случајот. Антикорупциската комисија не беше спомената во владиното соопштение.

Вицепремиерот Битиќи вели дека нема став околу овој случај и дека со се што располага е наведено во анкетниот лист.

Првиот вицепремиер, министер за политички систем и односи меѓу заедниците и Координатор на проектот за Коридорите 8 и 10д, засега нема даде кокретен одговор или информација, а во едниственото обраќање до јавноста преку пост на социјалната мрежа „Фејсбук“ ниту потврди, ниту демантираше дека го користи возилото и соопшти дека е на негов пријател.

Од полицијата соопштија дека автомобилот е регистриан на име на 35-годишен скопјанец со иницијали Б.Л.. Неофицијално станува збор за Беким Лимани, ко-сопственик на фирмата „Еуро Ком Лајтнинг“. Оваа фирма стана позната во јавноста откако минатата година за сума од 55 илјади евра стана сопственик на руиниран хотел на „Гранит“ на Попова Шапка, а „Гранит“ пак извесно време подоцна доби милионски тендер за автопатот до Блаце.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара покрај истрагата која се води околу самиот инцедент, да се отвори истрага и за евентуално постоење на скриен имот кај Груби.

Претседателката на Антикорупциската комисија порача дека ваквите случаи ја истакнуваат потребата од носење на зкаон за потекло на имот кој ќе им даде можност и надлежност на истражните органи да детално и далеку послено да испитуваат дали функционерите кријат имот или средства кај трети лица.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе