Вести Македонија Топ вести

Да се престане со манипулации – активистите му возвратија на Битиќи по најавите за референдум за Иловица

Да се престане со манипулации со референдум, предупредуваат граѓанските активисти, по денешната изјава на вицепремиерот Битиќи во која вели дека ќе се организира референдум за изјаснување на граѓаните од струмичко. Пред точно шест години референдум се одржаа во пет општини во Југоистокот, вклучително и директно засегнатите, Ново Село и Босилово, каде поради голема иселеност на граѓаните, но и евидентните политички притисоци, немаше доволна излезност на. Во Валандово, Дојран и Гевгелија локалните референдуми беа успешни, но Уставен суд ги укина одлуките, со објаснување дека за вакви прашања не може да се одлучува на локално ниво.

Вицепремиерот Битиќи денеска рече дека, сепак, имало дискусија за време на седницата на која се донесе одлука за спојување на концесиите, а на утрешната седница се очекува да се образожи целата досегашна постапка поврзана со рудникот кај Иловица и Штука.

Активистите од струмичко најавуваат и многу порадикално организирање доколку Владата не ја укине одлуката за спојување на двете концесии на Еуромакс, од кои едната е укината пред околу четири години.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе