Вести Свет Топ вести

(Видео) Небо и земја и денеска се споија над делови од Балканот – невреме во Србија, БиХ, Хрватска, Словенија

Небото и земјата повторно се составија над делови од Балканот. Новата суперќелиска олуја што почна попладнево во Милано, вечерва стигна до Србија. Попатно на места направи хаос во Словенија, во Хрватска и во Босна и Херцеговина. Обилен дожд, град со големина на тениско топче и силен ветар кој носеше се пред себе.

Сомбор беше првиот град на удар на невремето во Србија, потоа Суботица, Врбас, Нови Сад, а вечерва се очекува да мине и низ Белград. Откорнати дрвја и кровови, поплавени улици, оштетени автомобили додека некои места останаа и без електрична енергија.

Се почна од Милано, каде беше забележано и мало торнадо. Од северот на Италија, олујата влезе во Словенија и делови од Истра. Орканскиот ветар урна кран на пристаништето во Риека, паѓаа дрвја во Умаг, крупен град се истури врз Пула. Мештаните велат дека такво невреме не паметат во изминатите 30 години. Невремето се почувствува и во Загреб, каде беше прекината и седница на хрватскиот Сабор во моментот кога вода од силниот дожд почна да навлегува во големата сала низ отворен прозорец.

Штетите од денешното невреме, второ во само три дена, допрва ќе се утврдуваат. Она што е важно е што попладнево не се пријавени жртви за разлика од средата кога олујата однесе шест човечки животи.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе