Вести Свет

Пожар во руска воена база, евакуирани 2.000 луѓе

Пожар избувна на полигон во областа Киров на Крим, соопшти на руските социјални мрежи шефот на управата на Крим, Сергеј Аксенов,.

Поради пожарот што избувна на полигонот во областа Кировски на Крим, автопатот Таврида е затворен. Наскоро ќе биде објавена алтернативна рута за автомобилски сообраќај, рече тој.

Новинската агенција РБЦ-Украина претходно јави дека имало експлозии на воените полигони, но светските агенции нагласија дека извештајот не може независно да се потврди.

Аксенов додаде дека поради пожарот што избувна на воениот полигон во областа Киров на Крим, планирана е привремена евакуација на околу 2.000 луѓе во тој реон.

Руските медиуми јавија дека врска со пожарот е формиран кризен тим, со кој управува Аксенов.

Претходно руските власти соопштија дека автопатот Таврида, кој ги поврзува пристаништето Керч во Азовското Море и градот Севастопол, е затворен поради пожар што избувнал на полигон во областа Киров на Крим.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе