Вести Свет

Почна распитот на 13-годишниот Коста кој ги уби своите соученици во „Рибникар“ – сведочи во постапката против неговиот татко

13-годишниот Коста К., кој го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград денеска сведочи во судскиот процес против неговиот татко, кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност.

Таткото на момчето, кој во моментов е во притвор, се товари дека не го чувал оружјето според законските прописи. Тој е осомничен и дека го тренирал својот син да користи оружје, а нелегално го носел и на стрелиште. Се истражува дали го запуштил и малтретирал детето.

Бидејќи Коста К. има13 години кога го изврши делото, не подлежи на кривична одговорност.

Вишиот суд во Белград го усвои предлогот на членовите на семејствата на убиените деца во масакрот во О.У. „Владислав Рибникар“, сите пари со кои располага таткото на Коста К., да се префрлат на депозит на јавен извршител.

На мајката на момчето судот ѝ забрани да става под хипотека или да продава недвижен имот што го поседуваат. Ова важи и за автомобилот регистриран на нејзино име. Исто така и против неа е поведена постапка за да се утврди дали го запоставила синот.

Седмоодделенецот Коста К. на 6 мај влезе во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград и уби деветмина свои соученици и чуварот. Малолетниот убиец се наоѓа на испитување на Клиниката за невропсихијатрија за деца и младинци, на специјално одделение.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе