Свет Топ вести

(Видео) Експлозии на Кримскиот мост, две лица загинаа – Русите ги обвинуваат Украинците за напад, молк од Киев

Две лица од Белгород ги загубија животите, додека едно лице е повредено на Кримскиот мост утрово што беше причина за прекин на сообраќајот поради оштетување на патот, пренесе руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на Министерството за здравство на регионот Краснодар. Според гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, станува збор за семејство со малолетно дете кое се здобило со повреди од средна тежина.

Рускиот независен онлајн дневник Инсајдер објави снимка од штетата што беше причинета утрово на Кримскиот мост. Британски „Гардијан“ пренесува дека дел од мостот, наменет за патнички сообрачај, исчезна и делува како да пропаднал во вода. Се наведува дека видеото е снимено од воз во движење по соседниот железнички мост кој не е оштетен.

Гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов не кажа за како инцидент станува збор, но потврди за оштетувањето.

„Безбедносните служби и агенции се излезени на терен. Разговарав со министерот за сообраќај на Русија, Виталиј Савељев и се преземаат мерки за решавање ан ситуацијата“, изјави Аксјонов, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Според „Греј зоне“, про-Вагнер канал на Телеграм, наводно биле извршени два удара на Кримскиот мост околу 3 часот утрово по локално време, оштетувајќи ја дел од структурата.

Експлозиите се слушнале околу 3:04 часот и околу 3:20 часот утрово, информација која беше споделена на „Греј зоне“ и „ТалипоВ онлајн З“. Таквите извештаи не можеше да ги потврди „Си-Ен-Ен“.

Украина сè уште е без коментар за инцидентот. Претседателот Володимир Зеленски долго време говореше дека враќање на Крим е украинска цел, но ретко досега ги коментираше инцидентите на полуостровот.

Инцидентот на Кримскиот мост би можел да биде чин на провокација од Москва, изјави Наталија Хумењук, портпаролка на украинската Јужна воена команда, пренесува „Ројтерс“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе