Вести Свет

Русија и официјално се повлече од Договорот за извоз на украинско жито

Русија не се согласи за продолжување на договорот за извоз на украински житни култури преку Црното море. Целта на договорот постигнат минатото лето беше да се дозволи извоз на милиони тони украинска пченица и да се стабилизира цената на прехранбените производи, кои во екот на ценовната криза неколкукратно се зголемија. Но, Москва веќе со месеци обвинува дека поради санкциите на западните земји, воведени по инвазијата на Украина, таа не може да го извезува своето производство на житни култури и земјоделски ѓубрива.

Всушност, црноморските договори денеска престанаа да важат. Како што претходно кажа рускиот претседател, крајниот рок беше 17 јули. За жал, делот кој се однесува на Русија од овие црноморски договори до сега не беше имплементиран. Затоа, нивната важност е прекината, изјави песков по објавувањето на одлуката.

Рускиот претседател Путин, исто така побара ЕУ да се согласи Роселкозбанк, руската банка преку која се вршат речиси сите плаќања поврзани со агрикулурата, повторно да биде приклучена на свифт системот. Но, од Брисел соопштија дека не размислуваат за повторно вклучување на руски банки во глобалниот мрежа за исплати.

Челниците на унијата денеска упатија жестоки критики кон Москва затоа што таа не се согласи за продолжување на договорот. Според нив, Русија ќе предизвика големи проблеми на сиромашните земји.

Од наша страна, ќе направиме сѐ што можеме преку солидарните канали за да ја направиме достапна украинската храна на луѓето кои ја јадат. Морам да ја обвинам Русија за оваа одлука, комплетно неоправдана, да се користи гладот на луѓето како оружје, рече високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ жозеп борел.

За опасноста од глад во одредени региони на светот и појава на нова ценовна криза предурпедија и од Обединетите нации.

Оваа иницијатива обезбедуваше безбеден транспорт на над 32 милиони тони на прехранбени продукти од украинските пристаништа. Светската програма за храна транспортираше повеќе од 725.000 тони во поддршка на хуманитарните операции, помагајќи да се избегне глад во некои од најтешко погодените места во светот, вклучувајќи го Авганистан, Рогот на Африка и Јемен, рече генералниот скретар на оон Антониот гутереш.

Но, од 30-те милиони тони украинска пченица кои се извезоа од земјата по имплементирањето на договорот, дури 47 проценти завршиле во богати земји како Шпанија и Италија. 26 проценти во средно богати земји како Турција и Кина, и 27 проценти во сиромашни земји како Египет и Судан.

И покрај повлекувањето на Русија од договорот, дипломатските напори за пронаоѓање решение продолуваат, повторно водени од Турција, која и минатата година посредувашево неговото постогнување.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе