Вести Свет

(ФОТО) Косово купи „Бајрактар“ – Косовскиот премиер вели: Земјата сега е побезбедна

Косовскиот премиер Албин Курти ја информираше јавноста преку објава на својот Фејсбук профил дека земјата купила серија беспилотни летала од типот „Бајрактар“ од турско производство но не откри за колкав број станува збор.

 

Набавката на воена опрема доаѓа во време кога земјата се соочува со немири на северот по изборот на албански градоначалници во четирите српски општини и додека се соочува со притисок од меѓународната заедница да влијае врз деескалација на состојбата и смирување на односите со соседна Србија.

Курти рече дека најновото одбранбено купување ја прави земјата побезбедна.

– Во арсеналот на нашата армија ги додадовме беспилотните летала „Bayraktar TB-2“ кои ги купивме од Турција! За две години владеење го зголемивме бројот на војници за над 80%, а буџетот за армијата за над 100%. Косово сега е уште побезбедно и гордо! Со командантот на КБС, генерал-потполковник Башким Јашари и министерот за одбрана Арменд Мехај, им честитавме на старешините кои ја завршија обуката за употреба на беспилотни летала.

Беспилотните летала „Бајрактар“ своето глобално признание го должат на фактот што украинската армија ги користеше против руските сили.

Според дел од информациите објавени на интернет едно летало од овој тип во зависност од опременоста чини од 5 – 6 милиони долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе