Вести Свет

Видео: Конвој со борци од Вагнер пристигна во Белорусија

Голем конвој со борци од платеничката група Вагнер на бизнисменот Пригожин рано утринава пристигнала во Белорусија.  Информацијата ја објавуваат белоруските медиуми. Според објавената рука по која се движел конвојот борците се упатиле кон кампот од шатори кој беше подготвен за прием на платеничката војска.

„Утрото на 15 јули е забележана голема колона од автомобили и камиони со таканаречени регистерски таблички DPR/LPR. Сè укажува дека станува збор за конвој на групата Вагнер која од Руската Федерација во Белорусија влегла во Кричевско на ул. ноќе“, се наведува во извештајот.

Конвојот кој беше придружуван од белоруската сообраќајна полиција според проценките брои над 60 возила, претежно транспортни со оглед дека претгодно беше објавено дека голем дел од тешкото вооружување и беше вратено на руската армија.

Украинските власти стравуваат од можен напад од север.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе