Вести Македонија

Протест против отворањето на рудникот Иловица во Струмица

Иницијативата „Здрава котлина“ денеска од 11 часот организира протестна блокада против отворањето на рудникот во Иловица.

Протестната блокада доаѓа после алармантната вест дека владата ги споила концесиите.

Одлуката е веќе излезена во Службен весник, а потенцијалната концесија ќе трае до 2042 година.

Со објавата повторно се отвори пат да се почне со експлоатација на бакар и злато од струмичката околина.

Организаторот на протестот ја отфрли идејата на СДСМ за референдум за прашањето дали да се отвора рудникот и го смета истото за обид да се обесхрабри јавноста од протести и изразување на револт против рудникот и загрозувањето на земјоделскиот крај.

Велат референдумот за рудникот Иловица ќе биде параван преку кој би се издејствувала арбитражна постапка.

Од таму велат дека концесионерот има многу неисполнети точки поради што ја изгуби концесијата во 2019 година, па ставањето како референдумско прашање само ќе им даде легитимитет.

Од Еуромакс, пак тврдат дека целиот процес со рудникот е во согласност со законот, а ќе применуваат и најсовремени рударски практики.

Вчера министерката за животна средина Каја Шукова рече дека ги подржува граѓаните на Струмица за протестот против изградбата на рудниците

Таа рече дека ќе земе учество на протестот за да ги чуе реакциите на граѓаните.

Шукова смета дека со спојувањето на двете концесии, не е проширен концесискиот опфат, но најави дека Владата уште еднаш ќе ја разгледа ваквата одлуката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе