Вести Свет

Откако Зеленски ја искара, официјална Софија го испрати најголемиот пакет единечна помош за Украина, оклопни возила од пред 40 години

Најголемaта еднократна воена помош со 100 оклопни возила од резервите на бугарската полиција – е испратен во Украина по првата официјална одлука на Софија да му помогне на Киев, соопштија бугарските власти.

Одлуката за оклопните возила е објавена само една недела по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Бугарија. Ова е прв воен пакет од Бугарија за Украина за кој јавно се објавени информации. Имено, воената помош досега беше тајна, но неофицијално, наводно Бугарија ѝ помогнала на Украина и со муниција.

Бугарија е една од ретките земји членки на НАТО која располага со големо количество советско оружје и опрема, како и муниција за нив, што ги користи украинската армија.

Претходната недела украинскиот претседател Володимир Зеленски на официјалните средби во Софија на бугарскиот претседател Румен Радев кој на средбата рече дека Киев инсистира на војна за која Европа ја плаќа сметката му порача: „недај боже да избие војна кај вас, нема кој да ви помогне!“

За ваквиот негов коментар денеска со став до медиумите реагираше и украинската амбасада во Софија од каде велат дека Украина е таа која најмногу сака мир, а агресорот е тој кој инсистира да води војна!

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе