Вести Свет

Уапсен 18-годишен самоубиец – спречен терористички напад врз владата на Полска

Разузнувачката служба на Полска објави дека уапсила 18-годишно момче кое е осомничено како исламистички бомбаш самоубиец и на тој начин спречила планиран терористички напад чија цел била зградата на владата во Варшава. Тинејџерот, кој е полски државјанин кој лани го прифатил исламот, бил приведен на 16 април.

За време на претресот во неговиот стан биле пронајдени докази за планот на нападот и материјали за изработка на експлозивен појас. Момчето било во контакт со лица кои тврделе дека се претставници на Исламска држава.

Тинејџерот е обвинет за учество во активности на организирана криминална група чија цел била терористички напад. Тој се товари и дека планирал да изврши дело кое е опасно по живот и здравје на повеќе луѓе и по предлог на обвинителството, судот наложи мерка притвор во траење од три месеци. Според полската новинска агенција ПАП, тој се соочува со затворска казна до 10 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе