Вести Свет Топ вести

Османи: Наесен очекувам нови градоначалници на северот и Брисел да ги повлече мерките за Приштина

Косовската претседателка Вјоса Османи наесен очекува нови градоначалници во четирите општини со мнозинско српско население на северот на земјата. Притоа истакна дека најдобро би било Србите да бараат поднесат петиција за смена на градоначалниците што, според неа, би било потврда дека ќе учествуваат на повторените избори. Додаде и дека официјална Приштина сè уште не добила гаранции од Европската Унија за учество на Србите во повторниот изборен процес по летните одмори.

Османи го оцени договорот со Европската Унија за чекорите за деескалација на ситуацијата на северот на Косово како „добра вест“ и изрази надеж дека Брисел ќе ги повлече мерките против Приштина.

Ваквите нејзини ставови доаѓаат по турбулентниот ден во косовското собрание и нападите врз премиерот Албин Курти од опозициските пратеници. На сцените со физички контакти меѓу пратеници од опозицијата и владеачкото мнозинство им претходеа критики на сметка на „Самоопределување“ на премиерот Курти, пред сè поради разговорот што беше објавен во јавност на кој се слуша пратеничка од „Самоопределување“ признава дека неколку пати разговарала со Милан Радоичиќ, лице со потерница и потпретседател на Српската листа.

Опозицијата пред говорницата постави транспаренти на кои пишуваше „здраво“ на српски јазик, како што се обратила Мимоза Кусари Љиља кон Радоичиќ, а такво име доби и целата афера. Седницата беше двапати прекинувана по нападите од опозициските пратеници врз премиерот Курти, пришто првиот пат беше испрскан со вода, а вториот беше погоден со пластично шише во глава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе