Вести Свет Топ вести

(видео)Тепачка во косовското собрание- министрите и опозицијата си разменија клоци и тупаници

На денешната седница на Собранието на Косово дојде до физичка пресметка меѓу пратениците на владејачката Самоопределување и претставници на опозициските партии. Ситуацијата во Собранието на Косово ескалирара додека премиерот Албин Курти држеше говор за владините мерки за смирување на тензиите со етничките Срби на северот на земјата. Некои косовски опозициски партии ја критикуваа политиката на Курти, која ги затегна односите со клучните западни сојузници. Додека Курти држеше говор дел од опозициските пратеници му се спротивставува на премиерот, нарекувајќи го „лажго“. Се започна во моментот кога пратеникот на Демократската партија на Косово, Мергим Луштаку, истури вода врз Курти.

Во тој момент се вмешаа и министрите од кабинетот на Курти, а потоа ситуацијата ескалирала во физичка пресметка меѓу министрите и пратениците од опозицијата. По што претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца побара интевренција од страна на полицијата. Косовските медиуми објавуваат дека Курти со придружба бил извлечен од собраниската сала за време на хаосот.

Од говорницата Курти ги извести пратениците дека 25 отсто од полицијата ќе се повлече од северот на Косово и ќе бидат „распоредени во општинските објекти“.

Тој во средата, најави дека областите со етничко српско мнозинство во северно Косово и ќе одржи нови избори за градоначалник во секој од градовите. Ова ја налути опозицијата која тврдеше дека Курти „експериментирал“ со месеци и ја загрозил меѓународната позиција на Косово за подоцна да се повлече.

Албанскиот премиер Еди Рама денеска го оцени инцидентот во приштинскиот парламент како срам кој и штети на Приштина на меѓународен план.

Курти се соочи со притисок од САД и ЕУ, кои го повикаа да ги држи градоначалниците на различни локации подалеку од северот додека не се реши ситуацијата.

Во насилствата во мај, откако српското население ги бојкотираше општинските згради, беа повредни десетици луѓе.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе