Вести Свет Топ вести

Столтенберг: Потврдивме дека Украина ќе стане членка на НАТО во еден чекор

Лидерите на НАТО на самитот во Вилнус, Литванија денес се согласија да и дозволат на Украина да се приклучи на воениот сојуз „кога сојузниците ќе се согласат и ќе се исполнат условите“, изјави шефот на воената алијанса, откако претседателот Володимир Зеленски го осуди неуспехот на организацијата да постави распоред за пристап на Украина како „апсурден“.

„Потврдивме дека Украина ќе стане членка на НАТО и се согласивме да го отстраниме барањето за акционен план за членство“, изјави за новинарите генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, мислејќи на клучниот чекор за пристапување во НАТО.

Тој додаде дека ова ќе го промени патот за членство на Украина од процес во два чекора во процес во еден чекор. „Ова е силен пакет за Украина и јасен пат кон нејзиното членство во НАТО“, рече Столтенберг.

„Ова ќе го промени патот за членство на Украина од процес во два чекора во процес во еден чекор“, рече тој. Столтенберг најави и формирање на нов Совет НАТО-Украина. Тој додаде дека го одобрил „најсеопфатниот одбранбен план од крајот на Студената војна“, со цел 300.000 војници на висока готовност. „Денеска сојузниците го договорија пакетот од три елементи за приближување на Украина до НАТО.

Прво, нова повеќегодишна програма за помош за Украина која треба да овозможи транзиција од советската ера кон стандардите, обуката и доктрините на НАТО, да помогне во обновата на безбедносниот и одбранбениот сектор на Украина и да ги покрие критичните потреби како гориво, опрема за деминирање и медицински материјали“, рече Столтенберг во својата изјава.

Зеленски незадоволен што за неговата земја нема јасен пат до членство во НАТО

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе