Вести Македонија

Камбовски за Телма по експресното затворање на Јанакиески: Во казните треба да се засмета и притворот

Професорот по кривично право Владо Камбовски во изјава за Телма ги толкува одлуките поврзани со префрлањето на Миле Јанакиески од домашн притвор во затворот Идризово веднаш по правосилноста на пресудата. Судот смета дека таква одлука требало да се донесе веднаш, додека адвокатите на Јанакиески бараа досега одлежаниот притвор (домашен и затворски, во повеќе истраги и прдемти) да се пресмета во казната за предметот Титаник и бидејќи е подолг, Јанакиески да биде пуштен од затвор.

-Со првата правосилна пресуда, изречена за кое било дело, судот мора да го засмета во изречената казна затвор дотогаш одредениот притвор, односно куќниот притвор и неговото времетраење. Тоа не исклучува во секоја следна правосилна пресуда (без разлика колку постапки има) да се изврши натамошно засметување на времетраењето на притворот, односно куќниот притвор, во делот кој не е засметан во претходно правосилно изречена казна затвор, објаснува Камбовски, кој смета дека вакво толкување одговара на целта на одредбите во Кривичниот законик и во ЗКП.

Во текот на неделата Јанакиески во предметот Титаник по признаена вина, на Апелациониот суд во жалбена постапка беше правосилно осуден на 3 и пол години затвор. Досега има определено вкупно 4 години и 8 месеци притвор во повеќе постапки.

Изјавата на академик Камбовски во вестите на Телма во 15:30, 18:30 и 21:30.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе