Вести Култура

Јавна расправа за новиот зкаон за култура – потребни се одредени интервенции

Забелешки во однос на децентрализацијата на националните институции и валоризација на стручните звања се дел од забелешките кои претставници на Синдикатот за култура и вработени во установите од областа на културата ги посочија на јавната расправа за новиот Предлог-закон за култура. Дел од учесниците на оваа јавна расправа, кои беа вклучени во креирањето на овој предлог Закон  реагираа дека немале можност да го видат истиот пред и официјално да биде објавен на ЕНЕР.

Остануваат уште неколку точки кои треба на јавната расправа да се решат. Околу децентрализација на националните институции каде што СКРМ има свои одредени забелешки, исто така имаме забелешки во однос на стручните звања во заштитата на културното наследство, начинот на стекнување и добивање на стручно звање и распоредување на вработените на соодветно стручно звање, бидејќи знаеме дека во заштитата на културното наследство добивањето на стручно звање не е само работно место, туку и поголеми работни обврски, водење на проекти и слично, а во државава недостасува таков кадар, изјави Вера Атанасовска, претседателка на СКРМ

Со забелешки за членот 76 каде што на давателите на услуги се регулира давањето на звања, реагира и Костадинова. Според неа ние сме и единствената држава во регионот каде што нема полагање на стручен испит за библиотекар.

Сметаме дека критериумите кои се одредени во Законот се малку благи. Значи за да станете виш библиотекар треба да добиете три години работно искуство, за што сметам дека е малку затоа што доаѓам од место каде вршам едукација на библиотекарите во Македонија и сметам дека за три години еден библиотекар не може да се стекне со такво звање за да биде виш библиотекар, изјави Јелисавета Костадинова,  НУБ „Св. Климент Охридски“. 

Министерката Костадиновска- Стојчевска истакна дека е уверена дека со овој Предлог- закон за култура сме на вистинскиот пат приклучувајќи се кон современи тенденции кои што ја третираат културата како исклучително важен фактор кон општествениот напредок.

Во тој контекст се артикулираат основните културни политики на современоста. Од една страна да се зголеми поддршката што ја дава државата во подемот на традиционалните творечки и применети уметности, а од друга страна да се создаде таков општествен и институционален амбиент, вели Костадиновска. 

Новиот Предлог-закон за култура е испишан на 50 страници. Со предлог законот се даваат можности и лицата кои вршат стручни работи во културата во вид на занимања како што се менаџери во културата, куратори и стручни работници во областа на заштитата на културното наследство да можат да се стекнат со правото на поволности како самостојни уметници.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе