Вести Македонија

Блупринт Групата побара судски да ги стопира изборите на двајца нови членови додека не заврши со работа оценската мисија

Два месеца по скандалозната седница на судски совет на која беше разрешена екс претседателката Дамева, во министерството за правда пристигнал записникот што го бараше министерот Кренар Лога. Драмата што ја снимија медиумите а која ја отвори пандорината кутија во најмокното судско тело е напишана на 110 страници.

Сега сите надежи за решение за судскиот совет се вперени во ЕУ, откако евроамбасадорот  Гир во интервју за Телма кажа дека неодамнешните случувања во Советот се загрижувачки и дека ќе испратат оценска мисија на високо ниво . Од министерството правда од каде се најавува иницијатива за  законски измени, очекуваат дека  решенија ќе прозлезат токум од работата на советоданата група на ЕУ.

Ја поздравувам заложбата на ЕУ за владеење на правото и испраќање на оценска мисија. Верувам дека ќе бидат од голема помош и резултатите од нивните согледувања за состојбата во Судскиот совет ќе ни помогне во министерството за правда за понатамошно делување, смета Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерка за правда.

Изјавата на Гир но и на останатите амбасдори изминатиот период според невладините од блупринт групаа ре јасен показател за потребата да се преиспита работењето на ова тело за да се обезбеди  независно, непристрасно работење на судството и подигање на интегритетот на судиите. Повиците за оставки ги надградија со барање да се стопира изборот на нови членови закажан за следната недела и да се почека исходот од Оценската мисија.

За невладините е сомнително и тоа што ден пред да се утврди каднидатската листа за избор на двајца членови , судкси одлучи да ја запре дисциплинската постапка за еден од канидатите.

Од судски  вчера ја поздравија идејата на Гир и најавија соработка со експертоте  но ги искриткуваа невладинмите и медиумите  за кое вечат дека го  нарушувале кредибилитетот  на челновите и на институцијата .

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе