Вести Свет Топ вести

Британска пратеничка ја обвини СПЦ дека шверцува оружје на Косово

Пратеничката во британскиот парламент и членка на Комисијата за надворешна политика, Алиша Кернс, ја обвини Српската православна црква дека шверцува оружје на Косово. Таа за време на вчерашната седница на британскиот парламент, тврдеше дека оружје од Србија се шверцува на Косово со возила на Брза помош, и кое се доставува во српските цркви.

Владата знае за тоа, војниците кои се враќаат од служба во КФОР потврдуваат дека се шверцува оружје преку границата во православните цркви со помош на возила на Брзата помош. Кога нашите војници се обидуваат да добијат дозвола да ги запрат, добивањето на таа дозвола трае предолго. До моментот кога ќе се добие дозволата, брзата помош се појавува во црквата и го вади оружјето, обвини Кернс.

Таа уште изрази и загриженост поради тоа што Велика Британиај ѝ продава муниција на Србија.

Со оглед на тоа што тамошната антитерористичка полција изврши напад и киднапирање на тројца косовски полицајци, од каде да знаеме дека нешто од тоа што сме ѝ го продале на Србија нема да биде користено во тој контекст, праша Кернс.

Британската пратеничка неодамна во Лондон оствари средба со косовскиот премиер, а нејзините вчерашни обвинувања ги пренесоа и косовските медиуми.

Рашко-призренската епархија, под чија надлежност се сите цркви на Косово, реагираше дека станува збор за многу сериозно обвинување со кое се криминализира СПЦ, а одредени косовски медиуми веќе започнале да го користат за ширење на верска и етничка омраза. Тие го повикаа КФОР веднаш да ги провери тврдењата на Кернс.

Мисијата на КФОР, во чиј состав спаѓа и споменатата британска единица да ѝ соопшти на јавноста дали може да ги потврди тврдењата на британската пратеничка, бидејќи е невозможно британските војници во КФОР да ги имале тие информации, а да не ги соопштиле на своите претпоставени структури во командата на КФОР. Доколку овие тврдења се покажат како точни, црковните лица кои евентуално биле вмешани во злоупотреби на објекти на СПЦ и црковните служби за наводно пренесување и складирање на оружје, ќе ги сносат најстрогите црковсни казни, и нема да можат да продолжат со својата јавна служба, соопштија од Рашко-призренската епархија.

Но, во случај КФОР да не може да ги потврди овие обвинувања на британската пратеничка, Рашко-призренската епархија ќе побара од британската амбасада во Приштина јавно извинување од Кернс поради нејзините инфламаторна и неточна изјава.

Рашко-призренската епархија во никој случај не сака овие тврдења на г-ѓа Алиша Кернс за СПЦ на Косово и Метохија да останат на ниво на клевета и да станат средство за наметнување колективна вина врз нашата црква, и затоа тие мора што побрзо да бидат проверени и одговорните за евентуалните кривични дела, или ширењето лажни информации бидат јавно именувани, а јавноста за се да биде информирана. Бидејќи споменатите обвинувања во спротивно ќе претставуваат акт на ширење верска нетрпеливост, и претставуваат директен повик за насилство врз нашата црква, која веќе со години е изложена на физички напади, разни клевети и други облици на дискриминација на Косово и Метохија, реагираат од Рашко-призренската епархија.

КФОР подоцна соопшти дека нема докази ниту сознанија за оружје сокриено во црквите на СПЦ во Косово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе