Вести Македонија Топ вести

КОД: Соравија бележи огромни профити, но објектот кој го купува внукот на Aхмети е заложен во бугарска банка

Иако истрагата за спомениците од „Скопје 2014-та“, за малку го префрли вниманието од семејството на лидерот на ДУИ Али Ахмети, сепак зделката со Соравија на внукот Дрин Ахмети и натаму е сомнителна. КОД открива дека фирмата Соравија, секоја година прави големи профити, иако при презентирањето на зделката со која внукот на Али Ахмети за нула евра доби 39 отсто од бизнис центарот Соравија, беше соопштено дека центарот има долг од 20 милиони евра.

Во код вечерва и за братското стебло од Зајас, следната генерација на фамилијата Ахмети кои се впуштаат во огромни бизнис потфати. Синови, братучеди, зетови и сватови, нашле место во шемата на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во КОД и интервју со Софка Пејовска Дојчиновска од антикорупциската комисија, која гледа и моќ, и нервоза, во обвинувањата на вицепремиерот Артан Груби, кон актуелниот состав на комисијата.

КОД е вечерва во 19:15 на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе