Вести Македонија Топ вести

Ден по невремето во Скопје се санираат штетите

Санирани штетите, исчистени булеварите и подрумите откако синоќа големо невреме го зафати главниот град.

Паднати дрвја,скинати жици,   оштетени автомобили,поплавени подруми и улици се само дел од пријавите на граѓаните кои пријавиле штета до ЦУК.

Вчера вкупно имало околу 2100 јавувања, а во нормален ден има од 1000 до 1500 јавувања. Самиот број на јавувања дава за право да заклучиме дека имало невообичаено голем број на стравувања на граѓаните или пријави за можни штети, вели за Телма, Илија Бојаровски од центарот за управување со кризи.

Помеѓу зголемениот број на повици за штети од невремето, ЦУК информираше дека до нив е стигната и пријава за поплави во операционите сали на клиниката за кардиологија. Од таму ја демантираат оваа информација.

Како последица од поројниот дожд е појавена вода во само една просторија. Истата е веднаш нотирана и санирана, по што на двајца пациенти со акутен инфаркт им е направена интервенција. Сите сали за интервенција работат во стандардни услови и по стандардни протоколи, велат од Клиниката за кардиологија.

Освен во Скопје, според информациите на ЦУК, невреме имало и во Кочани, Струмица и Дојран, а нестабилно време со пороен дожд се очекува и денеска, на цела територија на државата.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе