Вести Македонија Топ вести

Османи не е од Струга, затоа и не му бара оставка на Мерко?!

Министерот Османи се огради од  сопартиецот на американската црна листа: ни го гласал, ниту живее во Струга, па оттаму смета дека и не треба да дава свое мислење. Оставка на Мерко нема да му побараат ниту од партијата, оставаат сам да одлучи дали ќе си замине од градоначалничката фотеља.

На струшкиот градоначалник му се замрзнати сите партиски функции, а беше побарана и сеопфатна домашна и меѓунардна истрага.

Слична е и реакцијата и на премиерот: не бара оставка од Мерко, туку проверка на наодите од страна на институциите. На негово место, вели, тој самиот би поднел оставка.Единствено коалициониот партнер во власта, Таравари побара оставка веднаш, барем од морални причини.

Комисијата во Јавното обвинителство што врши вонреден надзор на шесте спорни предмети, го заврши увидот, но уште анализира зошто никогаш не стигнале до судница. Се проверува каде затаиле обвинителите, зошто бирото за вештачење е три години без наод, како се легализирани универзитетските згради по багателна цена?

Некои дела на Мерко за кои има истраги се направени во периодот пред 2013-та година, но поради големи кочници во надлежните истражни органи никако да се приведат до крај.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе